Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ, ЗА ИНДУСТРИСКИ ПАРК „ИГМ – НЕГОТИНО“ – СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ВО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Во границите на проектниот опфат влегуваат: дел од КП 1000/1, дел од КП 4179/1, дел од КП 1151, дел од КП 1125/1, дел од КП 4157/1, дел од КП 1136, дел од КП 1086/1, дел од КП 1080/4, дел од КП 4177/2, дел од КП 1072/2, КО Неготино.
Површината на опфатот изнесува 9494.11m².
Должината на инфраструктурниот вод во овој УП изнесува 1.5km.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 11.02.2026 до 25.02.2026 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

