Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2023 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО КЛАСА НА НАМЕНА Г2-ЛЕСНА ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПОМАЛКУ ЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И ПОМАЛКУ ЗАГАДУВАЧКИ ПОСТРОЈКИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, НА КП БР.155 И КП БР.164 – КО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ 2, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Граници на проектниот опфат се:
-на север со КП бр.165;
-на југ со локален пат на КП бр. 540;
-на исток со КП бр.159, 160, 157 и 161;
-на запад со КП бр.167
Опфатот е со површина од 13,433 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 15.01.2024 до 29.01.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.
кор. УП – Г2 за КП бр.155 и 164 – КО Црвени Брегови_compressed