Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела кп 8118/1-16 КО Неготино Неготино во Општина Неготино тех број 25/2012 од јуни 2012 год. изработен од ,,ИНТЕР ИНВЕСТ ИНГ,, доо Скопје, е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 29-06 -2012 год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 06 – 07-2012 до 11-07 -2012 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 11-07-2012 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.