Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште “ , општина Неготино

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот “ЕКОПЛАН-ДЕПО“ ДООЕЛ од Скопје  со седиште на ул. “Христо Чернопеев” бр.2б во Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште “ во општина Неготино и истата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. “III Македонска бригада” бр.10а секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот  и во канцеларијата во општина Неготино.
Заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата, во писмена форма, до одговорните лица за контакт, назначени од Инвеститорот и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Јавната расправа по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште“, општина Неготино ќе се одржи на 10.08.2012 година (петок) во Големата сала за состаноци во зградата на општина Неготино со почеток во часот 12 часот.

Контакт лица:
Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје   тел: 02 6142 209, 076 298 297,  е -маил: contact@maneko.com.mk

Close Search Window