Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 24 став 1од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број(51/05,137/07,91/09,124/10,18/11,53/11   год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното:

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот -Локална урбанистичка планска документација за изградбана стопански објект  за Ладилник и преработка на земјоделски производи на КП 2184/1  КО Неготино , Општина   Неготино , Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за изградбана стопански објект за Ладилник и преработка на земјоделски производи  на КП 2184/1  КО Неготино  Општина   Неготино  ,тех број 04/2013 од февруари  2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг ,, Доо Скопје.
        
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   12-03 -2013 до    18-03-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 15-03-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  

Close Search Window