Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 24 став 1од Законот за просторно и урбанистичко планирање(Сл.весник на РМ број ( 51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11 и 53/11год.)  Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното :

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на планот Нацрт-Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општината донесе Одлука за организирање    на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт – Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино со тех број 128/12 од јануари 2013 год. изработен  од  А:Д: за урбанизам,проектирање и инжинеринг-ЗУМ-Скопје

 Нацрт- Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 01-03-2013  год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на  Месната заедница во с.Пепелиште , 30 работни  дена од   12-03 -2013  до 22-04 -2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  22-04 -2013  год.во  салата на с.Пепелиште  во 18 часот.

Close Search Window