Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт – УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК – Општина Неготино дека Градоначалникот на Општината донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА АНКЕТА и ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
По Нацрт -УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК Општина Неготино со технички број 153/13 од ДЕКЕМВРИ 2013, изработен од А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг,,ЗУМ – Скопје.
Нацрт – УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК – Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 28-02-2014 год.
Графичкиот прилог по Нацртот на планот ќе биде изложен во просториите на Месната заедница во с. Тимјаник , 10 работни дена од 17-03-2014 до 31-03-2014 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 26-03 -2014 год. во салата на Месната заедница на с.Тимјаник во 13 часот.