Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на Нацрт – Детален Урбанистички план за Урбана заедница 3/1 во Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт – Детален Урбанистички план за Урбана заедница 3/1 Неготино со тех.број 24/14 од октомври 2014год. изработен од ,,Друштво за планирање, проектирање и инженеринг простор доо Куманово , кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 30-10-2014 год.
Опфатот на планот е од 2,42 ха со граници:
-на север ул.,,Едварт Кардељ,,
-на југ ул.,,Марксова ,,
-на исток ул.,,Првомајска,,
-на запад ул.,,Марксова,,
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 15 работни дена од 20-11-2014 до 10-12-2014 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-12-2014 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.