Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со основна класа на намена Г4 – Стоваришта, складови и отпади на дел од КП 3884 и дел од КП 3927/3 КО Неготино, Општина Неготино
Граници на проектниот опфат се:
– на север низ КП 3884, КП 3927/2, КП 3927/4
– на исток низ КП 3927/3
– на југ КП 4208
– на запад КП 3883
Опфатот е со површина од 3550.95 м2 или 0,355 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 26.03.2024 до 09.04.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.