Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт – Детален урбанистички план за една парцела – Општина Неготино Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
1.По Нацрт- Детален урбанистички план за една парцела за изградба на станбен објект за кп 11128/53 и 11128/76 КО Неготино – Општина Неготино со тех. број 3215 јули 2015 година, кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 24-08 -2015 година.
2. По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела на КП 9679 , КО Неготино Општина Неготино со тех. број 3194 од април 2015година, кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 24-08-2015 година.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 10 работни дена од 31-08-2015 до 14-09-2015 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-09-2015 година во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.