Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт – Детален  урбанистички план за  една парцела   – Општина Неготино     Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА
1.По Нацрт- Детален урбанистички план за една парцела  за изградба на  станбен објект за кп 11128/53  и  11128/76   КО Неготино – Општина Неготино  со тех. број  3215 јули 2015 година, кој  е утврден од Советот на Општина Неготино на  седница одржана  на  24-08 -2015  година.

2. По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела  на  КП 9679 , КО Неготино  Општина  Неготино со  тех. број 3194 од април 2015година, кој  е утврден од Советот на Општина Неготино на  седница одржана  на 24-08-2015  година.
   Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од  31-08-2015 до 14-09-2015 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
    Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.  

 Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

 Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-09-2015  година  во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.

Close Search Window