Врз основа на член 24 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/08, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13 ,163/13 и 42/14 год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на Нацрт Детален Урбанистички план за Урбана заедница 6 дел од УБ 6.1 ,,Градски Пазар,, во Неготино, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на повторна :
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Нацрт Детален Урбанистички план за Урбана заедница 6 дел од УБ 6.1,, Градски Пазар,, во Неготино тех број 2862 од август 2015 год. изработен од ,,Дизајн Центар Инженеринг,, Трајче дооел Кавадарци кој е утврден од Советот на Општина Неготино.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 10 работни дена од 10-09-2015 до 25-10-2015 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатени со планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 24-09 -2015 год.во салата на Општина Неготино во 13 часот.