Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Локална урбанистичка планска документација за Г4 -Стоваришта на КП 3410/1 и 3410/2 , КО Неготино,Општина Неготино Дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлуки за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Локална урбанистичка планска документација за Г4-Стоваришта на КП 3410/1 и 3410/2 , КО Неготино,Општина Неготино со Планска програма и проект број 3149 од фебруари 2015 год., изработена од Дизајн центар Инженеринг Трајче Дооел Кавадарци. Плановот со графичкиот прилог ќе биде изложене во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 22 -04-2016 до 28-04-2016 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на плановите ќе се одржи на 28-04-2015 год.во големата сала на Општина Неготино во 11 часот.