Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација  за Архитектонско урбанистички проект за  оформување на градежна парцела на КП 2194 – дел, КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, општина Неготино, намена А1- станбени куќи.
Граници на опфатот сe:  
– на север – КП 2189, КП 2191, КО Криволак
– на исток – КП 2194, КО Криволак
– на југ – пристапна улица, односно КП 2194, КО Криволак
– на запад – КП 2193/1, КП 2193/2, КО Криволак
Опфатот е со површина  од  0,108 ха.
Јавната анкета и јавната презентација на Архитектонско урбанистички проект за оформување на градежна парцела на КП 2194 – дел, КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, општина Неготино, намена А1- станбени куќи,  со технички број   01-05/2017 од  мај, 2017 година, изработен од „АРХИКОНС“ Јован ДООЕЛ Кавадарци , ќе се спроведе со излагање на проектот  во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  08.08.2017 година  до 14.08.2017 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со архитектонско урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на архитектонско урбанистичкиот проект ќе се одржи на ден 10.08.2017  година  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window