С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот –  ДУП за Урбана заедница 7, дел од Урбан блок 7.2, општина Неготино  (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“)
Граници на опфатот сe: на северосток, северозапад и запад  граничи со улица„Партизанска“, а на југоисточната страна со улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина  од  4,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот –  ДУП заУрбана заедница 7, дел од Урбан блок 7.2, општина Неготино  (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“), со технички број  број  56/18 од  септември, 2019 година, изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  ДООЕЛ  Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  20.09.2019 година  до 03.10.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  25.09.2019 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.
 
								 
								 
															 
															 
								 
								 
                
            
    
