С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели на ГП 1 (КП бр.2469/3 и 2469/7) КО Неготино, општина Неготино
Граници на опфатот сe: на запад граничи со локален пат Неготино – Курија, од север и југозапад со постоечки земјан пат за пристап до околните земјоделски површини, од севоразападната страна граничи со земјоделско обработливо земјиште.
Опфатот е со површина од 4 534 м2.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели на ГП 1 (КП бр.2469/3 и 2469/7) КО Неготино, општина Неготино, со технички број 04-344/2019 од август 2019 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“ дооел Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 25.09.2019 година до 01.10.2019 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.10.2019 година во 14:00 часот во просториите на општина Неготино.