С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино
Граници на опфатот сe: од северозападната страна граничи со регионален пат Р 1103 (Р107), од североисточната, источната и јужната страна граничи со постоечки улици кои се дефинирани и во општиот акт за село Пепелиште, а од западната страна граничи со катастарска парцела број 1325/2. Пристап во парцелата е обезбеден од источната страна (улица 1) и јужната страна (улица 2).
Опфатот е со површина од 2039m2.
Јавната анкета и јавната презентација за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино, со технички број 04-527/2019 од декември 2019 година , изработен од „ПАРАМЕТАР“ дооел Скопје ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 14.01.2020 година до 20.01.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 14.01.2020 година во 12:30 часот во просториите на општина Неготино.