Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                                С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготинo

Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со новопланирана улица 1, од западната страна граничи со дел од КП 3007/8, од јужната страна граничи со КП 3007/10, од источната со КП 3007/3. Пристап во парцелата е обезбеден од северната страна (ново планирана улица 1).
Опфатот е со површина  од  1546м2.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготино,  со технички број  0213-12/19 од  февруари  2020 година, изработен од „ТИПИНГ“  дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  23.06.2020 година  до 29.06.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со АУП, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 25.06.2020 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window