Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02) и  донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета
 за ДУП  за Урбана единица 3, дел од блок 12 – помеѓу улиците  „Вељко Влаховиќ“, „Борис Кидрич“, „Марксова“, „Вардарска“,  „Тиквешка“  и  „Ѓоко Мишев“,  општина Неготино  
 (ДУП за УЗ 3 дел  од УБ 3.2)

Граници на опфатот сe: на  северната страна  по оската на улицата „Вељко Влаховиќ“, на источната страна  по оската на улицата „Борис Кидрич“, на јужната страна   границата на планскиот опфат се движи по оската на улицата „Марксова“, на западна страна, границата на планскиот опфат се движи  по оската на улицата „Вардарска“,  продолжува по  оската на  улицата „Тиквешка“  и на западната страна  по  оската на улицата „Ѓоко Мишев“.
Опфатот е со површина  од  2,78 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 12 – помеѓу улиците  „Вељко Влаховиќ“, „Борис Кидрич“, „Марксова“, „Вардарска“,  „Тиквешка“  и  „Ѓоко Мишев“,  општина Неготино    (ДУП за УЗ 3 дел  од УБ 3.2)   со технички број  3708  од  април 2021 година,  е изработен од ДПТУ  ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ  увоз-извоз Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.04.2021 година  до 06.05.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 04.05.2021 година  во  13:00 часот во просториите на општина Неготино.

Одржувањето на јавната презентација и анкета ќе се одржи согласно важечките прописи за заштита од вирусот Ковид-19, па според тоа кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.


DUP za UE del od blok 12.pdf 

Anketen list za JA i JP.pdf

Close Search Window