Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева информираше дека на последната седница на Советот на општината е усвоен Буџетот на општина Неготино за 2026-та година. Според Нацева, ова не е само документ со бројки, туку јасен план и визија за развојот на заедничкиот дом општина Неготино. Буџетот е креиран врз основа на потребите и предлозите на населението од општината, со единствена цел за подобар и поквалитетен живот на секој граѓанин.

Новиот Буџет носи капитални инвестиции преку продолжување со модернизација на патната инфраструктура, изградба на нови улици, водоводна, фекална и атмосферска мрежа, зелена и чиста животна средина со зголемени средства за нови паркови, енергетски ефикасно осветлување и одржување на јавната хигиена.

Се продолжува со поддршка на заедницата со субвенционирање на социјално ранливите категории, поддршка на спортот, културата и младинските иницијативи.

Заблагодарувајќи се на сите советници кои ја препознаа важноста на овие проекти дадоа своја поддршка при усвојувањето на Буџетот за наредната година, градоначалничката Нацева истакнува дека пред нас е година со многу работа, видливи резултати ии нови успеси.

 

Close Search Window