Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Како градоначалник на општина Неготино, а на покана на организаторот на настанот општина Кнежеви виногради – Република Хрватска, присуствував и зедов активно учество на манифестацијата „Винатлон“ и на конференцијата „Вински туризам-локален пристап и европски перспективи“ . Во име на општина Неготино како винарска дестинација и географски простор на кој се застапени огромни површини со лозови насади, винарии, енолошка индустрија, туристички и гастрономски ресурси, како и други субјекти поврзани со винарскиот сектор, заедно со останатите учесници на настанот ја потпишав Повелбата „Интер витис“ за соработка, развој и промоција на одржливиот вински туризам. Општите цели на потпишаната повелба се промоција на винската култура, традиција и историја на винските дестинации и промовирање на винскиот туризам како важен сегмент на туристичката индустрија, едукација на потенцијалните посетители за процесот на производство на вино, унапредување на винската инфраструктура и квалитетите на производите од вино, зголемување на бројот на посетители и промоција на винските дестинации преку заеднички маркетингшки активности. За потребите од сеопфатна координација меѓу партнерите во проектот, беше основан и Координативен одбор составен од претставници на винските дестинации потписници на Повелбата.

Close Search Window