Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со директорката на СОУ Св. Кирил и Методиј Сузана Стоева од нашиот град зедоа активно учество на работната средба за социјален дијалот на релација средно училиште – општина Неготино – локални компании кои реализираат учење преку работа.

Заедничка цел е преку директен трилатерален дијалот да се согледаат и да се утврдат реалните потреби на пазарот на трудот во општина Неготино. Токму затоа, сите засегнати работат на утврдување на потребните квалификации и компетенции за младите, зголемување на конкурентноста за учениците по завршувањето на образованието и обезбедување квалитетен кадар за потребите на локалните компании.

Како што истакна градоначалничката Нацева, инвестирањето во знаењето и стекнувањето вештини на нашите ученици е долгорочна инвестиција во иднината на Неготино, притоа давајќи поддршка да се продолжи со ваквите и слични иницијативи кои создаваат посигурни проефесионални патеки за младите во општина Неготино.

 

Close Search Window