ООУ„Гоце Делчев “ од Неготино доби интерактивна табла која ќе се користи за применување на современите техники и методи во наставата.
Министерството за образование и наука преку успешна соработка со Македонски Телеком АД -Скопје во процесот на унапредување на образовните процеси во земјата, даде силна поддршка на проектот „Компјутер за секое дете “ како и поддршка преку обезбедување на интернет конекција во училиштата во Република Македонија. Во таа насока Македонски телеком започна со постапка за набавка на интерактивни електронски табли.
Министерството за образование и наука изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштата аплицираа за добивање на интерактивна табла.
Оваа нова технологија наречена „Паметна табла“ е аудио – визуелна алатка со која значително ќе се зголеми интерактивноста во наставниот процес, дизајнирана е така да го олесни учењето преку зголемена интеракција и развивање на нови технолошки вештини на учениците
Професорите и наставниците, но и сите други кои се дел од образовниот процес ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатат своите предавања и ќе им дадат повеќе знаење на децата и подобро ќе ги подготват за нивните предизвици во иднината.