Заедно со голем број граѓани на општина Неготино присуствував на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици и фрлањето и фаќањето на крстот во водите на реката Вардар.
По положувањето на крстот во Вардар, најсреќен и највешт беше Филип Димитров кој во неговиот втор обид успеа за прв пат да стигне и да го извлече богојавленскиот крст.
Традиционално, во име на општина Неготино на Димитров му подарив телевизор, а подароци доби и од МПЦ ,,Св. Атанасиј ” и од генералниот покровител Зегин.
Како градоначалник на општина Неготино на сите граѓани кои го чествуваат Водици им го честитам празникот и посакувам да го поминат во добро здравје исполнети со радост и среќа.
БОГ СЕ ЈАВИ !