Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов ја информира пошироката јавност дека негов приемен ден за граѓаните ќе биде секој четврток во периодот од 09,00 до 12,00 часот кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може оствари средба со првиот човек на општината. Пријавувањето за прием кај градоначалникот ќе се врши на приземјето во зградата на општина Неготино. Се апелира до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Стојанов да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот.