Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Комунални работи и Сообраќај, Новости, Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 58 став 2, точка 4 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020 и 111/23), Општина Неготино објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на изработувач на Урбанистички проект
Општина Неготино објавува Јавен повик за изработување на:
– Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на кружен тек на улица Маршал Тито на спој со улица Партизанска, улица Даме Груев и улица Христо Ботев во Неготино, општина Неготино, согласно член 58, став 2, точка 4 од Законот за урбанистичко планирање (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.32/20 и 111/23), а се во согласност со Законската и подзаконската важечка регулатива.
1. Податоци за проектниот опфат:
Предмет на изработка :
– Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на кружен тек на улица Маршал Тито на спој со улица Партизанска и улица Даме Груев и улица Христо Ботев во Неготино, општина Неготино, согласно член 58, став 2, точка 4 од Законот за урбанистичко планирање (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.32/20 и 111/23), а се во согласност со Законската и подзаконската важечка регулатива;
– Дополнително на изработката на урбанистичкиот проект, проектантот има обврска да изготви идеен проект и идејно мостовско решение, заради постоење на кеј, како и да вклучи стручна ревизија на урбанистичкиот проект за инфраструктурата за изградба на кружен тек на улица Маршал Тито.
Урбанистичкиот проект ќе се изработува согласно важечкиот ГУП за град Неготино.
Површина на проектен опфат: 1.83ха
Место: дел од КП 8558/1, 8763/1 и 8123/1, 10746/1, 8630 и др. КО Неготино, општина Неготино
Започнување на работите: веднаш по добивање на налог од општината за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура.
Урбанистичкиот проект за иннфраструктурата за изградба на кружен тек да се изработи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20 и 111/23) и Правилникот за урбанистичко планирање ( Сл. Весник на РСМ бр. 225/2020, 219/21, 104/22 и 99/23).
2. Период на изработка на ревизија:

– 15 дена за изработка на урбанистичкиот проект за инфраструктура, по добивање на барање;
– 5 дена за изработка на урбанистичкиот проект за инфраструктура по доставување на корегирана урбанистичко планска проектна документација.
3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:
На јавниот повик можат да се пријават правни лица со извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за изработка на урбанистички проект за инфраструктура за изградба на кружен тек согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23) или важечка лиценца за изработување на урбанистички проекти, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18)
Документација за докажување и исполнување на критериуми: На јавниот повик можат да се пријават правни лица со извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење на урбанистички проект за инфраструктура согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23) или важечка лиценца за изработување на урбанистички проекти, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18). За докажување на овој услов се доставува Копија од извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за изработка на урбанистички проект согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23) или копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18). 3.1. Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или потврда за регистрирана дејност.
3.2. При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на набавка односно правното лице да има важечка лиценца за изработување на урбанистички планови согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) или извод од регистарот на правни лица кои ги исполнуваат условите за изработка

на урбанистички проект, согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23).
4. Рок и начин за доставување н понудата:
Понудите да се достават најдоцна до 15.05.2024 година (среда) до 16:00 часот преку архивата на општина Неготино, во плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ и „за ЈАВЕН ПОВИК бр. 11-301/3.
5. Датум, време и место на отворање на понудите:
16.05.2024 година, во 09:00 часот, во просториите на Општина Неготино (сала на советот на Општина Неготино).
6. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;
6.1. Кадровска и техничка опременост на правното лице
– да има вработено најмалку 3 (три) дипломирани инженери архитекти – урбанисти на неопределено време со овластување на изработка на урбанистички проекти (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања или потврди);
– да достави листа за техника опременост;
6.2. Референтна листа за извршени работи
– референтна листа за извршени работи за ист или сличен предмет на работи од последните 3 години;
6.3 Претходни позитивни стручни референци од подрачјето на проектниот опфат што е предмет на јавниот повик
– најмалку 3 (три) стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години од подрачјето на проектниот опфат што е предмет на јавниот повик;
6.4 Понудена организација и методологија на изработка на работите
– динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива;
6.5 Финансиска солвентност
– да остварил позитивен финансиски резултат за последните 2 години со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од надлежен орган.;
6.6 Вредност на понудата да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021)
– понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.

Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Во понудената цена да биде вклучена и стручната ревизија.
Понудата не е деллива.
Начин на плаќање: Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по доставувањето на Урбанистичкиот проект и 50% по одобрување на урбанистичкиот план/донесување на урбанистичкиот проект).
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
– цена на изработка на услугите (60 бода);
– број на вработени архитекти инженери и инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање (3-4 вработени – 6 бода и повеќе од 5 вработени – 10 бода);
– број на стручни референци за извршени исти или слични работи во последните 3 години, бодувањето ќе се врши врз основа на потврди за успешно извршување на урбанистички проекти (20 бода; 3-5 референци – 10 бода, од 6 до 10 референци – 15 бода, повеќе од 10 референци – 20 бода);
– рок за извршување на активностите (10 бода, отстапки повеќе од 6 дена од наведените – 3 бода, отстапки од 3 до 6 дена од наведените – 6 бода, прифаќање на наведените рокови – 10 бода).
Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на УП. При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.
За дополнителни информации, контакт лице: Методи Данаилов тел.070/305-599; е-mail: metodidan@yahoo.com

Ред. Бр. Предметнаизработка ха ценабезддв ценасоддв
1 Изработканаурбанистички проект за инфраструктура за изградба на кружен тек на улица Маршал Тито на спој со улица Партизанска, улица Даме Груев и улица Христо Ботев во Неготино, општина Неготино.

Составен дел на УП е идеен проект за кружен тек со мостовско решение поради течението на Темјаничка река.

1.83    

ПРИЛОГ 1

ЈАВЕН ПОВИК за избор на изработувач на Урбанистички проект

 

Close Search Window