Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Во согласност со член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), во врска со Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики, објавен од страна на општина Неготино на ден 05.12.2024 година, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), Градоначалникот на општина Неготино, го донесе следново:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

 

Инициjативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Неготино расишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Неготино;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отвaрaњето на овој повик;
  • Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Неготино и да се на возраст од 15 до 28 години.

 

Пријавување:  Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на имеіл: info@negotino.gov.mk и да ги поднесат во архивата на Општина Неготино, ул.Ацо Аџи Илов бр.2 со ознака Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.

 

Задолжителни документи:

 

  1. Портфолио за работата на организациіата.
  2. Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади.
  3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Неготино.
  4. Годишна програма за работа.
  5. Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали.

 

Рокот за пријавување е од 27.12.2024 до 17.01.2025 год.

 

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Неготино.

За повеќе информации околу повикот може да се обратите кај лицето за контакт: Службеник за млади – Даниел Јакимов 076/223-204.

 

Иницијативен одбор:

Владанка Бојкова

Јане Буровски

Трајанка Дилберова

Андреј Петров

Вера Најдовска

Close Search Window