Општина Неготино распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики.
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и едноставно тие имаат улога да го формираат Локалното собрание на млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот за млади во Општината.
Улоги и задачи на Иницијативниот одбор:
- Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС.
- Распишување повик за Конститутивно локално собрание на млади во согласност со статутот на општина Неготино по принципот на јавност и транспарентност.
- Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
Задолжителни документи:
- Портфолио на организацијата/групата/здружението,
- Годишна програма за работа,
- Извештај за активности со млади во изминатата година,
- Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
- Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
Начин на пријавување: Достава на документи во архивата на општината, по пошта на адреса или по електронска пошта со назнака ,, По јавен повик за формирање на иницијативен одбор ʼʼ
Имејл: info@negotino.gov.mk
Адреса: ул. Ацо Аџи Илов бр.2
Рок за пријавување: 19.12.2024 год. 16:00 часот
Лице за контакт: Службеник за млади – Даниел Јакимов 076/223-204