Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Градоначалникот на општина Неготино на ден 04.04.2012 година го објави следниот

                                                             ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на Условите и критериумите за доделување на финансиски средства за подршка на активностите на здруженија од општина Неготино, кои Советот на општина Неготино ги усвои на  седницата одржана на ден 03.04.2012 година, ги повикуваме  заинтересираните здруженија од општина Неготино да поднесат барање за добивање на финансиски средства од Буџетот на општина Неготино за подршка на своите активности во 2012 година.

Со барањата за добивање на финансиска помош да достават:

a) тековна состојба не постара од 6 месеци
б) решение за регистрација или пререгистрација
в) извештај за реализирани активности и проекти во претходната  година (овој услов не се однесува за ново регистрирани здруженија на граѓани)  
г) годишна програма за работа со финансиска конструкција, во која ќе биде назначен делот за  кој се бара поддршката од општина Неготино.
д) здруженијата од општина Неготино кои имаат добиено финансиски средства од Буџетот на општина Неготино во текот на изминатата година  се должни да достават финансиски извештај поткрепен со соодветна документација за потрошените средства, најкасно до 30 март во тековната година.

При разгледување на барањата, Советот на општина Неготино ќе се раководи согласно следните утврдени критериуми:

1.    Финансиски средства за едно здружение ќе се одобруваат врз основа на доставена годишна програма за работа максимум  до 50.000,00 денари.

2.    Повисока сума може да биде доделена на здружение доколку здружението или член/ членови  на здружението реализира активности во странство, за што е потребно да се достави доказ ( патен билет, транспортни трошоци, котизација за учество и сл.)

3.    Програмските активности што ќе ги реализира здружението да се од интерес на граѓаните на општина Неготино.

Барањата  со потребната документација  да бидат доставени најкасно до 10.04.2012 (вторник) до 16:00 часот во архивата на општина Неготино  лично или по пошта на следнава адреса:
Општина Неготино
ул,,Ацо Аџи Илов,,бр.2
со назнака- јавен повик за здруженија од општина Неготино

Close Search Window