Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр.199/14 и 44/15)  Општина  Неготино  распишува:

                                     ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детални урбанистички уланови, урбанистички планови за села и урбанистички планови вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од 01.10.2015год. до 31.10.2015год.

Close Search Window