Ј А В Е Н П О В И К
1. Предмет на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за чистење на речни корита согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање бр.41-6189/1 од 03.09.2013 и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2013 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се вклучат во Акцијата за чистење на речни корита да поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 20.09.2013 (петок) во архивата на Општина Неготино.
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање бр.41-6189/1 од 03.09.2013 и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2013 година, Општина Неготино објавува