Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2021 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино
1. На повикот можат да се пријават:
– Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
– Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
2. Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
– комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
– годишна програма за работа на кубот/сојузот;
– апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
– доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција.
Апликациите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино и во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината.
Образецот (апликација) можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.
За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите – потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.
Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.
Субјектите – потенцијални корисници, потребната документација треба да ја достават по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино, со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино (зграда на Собрание на општина Неготино, приземје) кај лицето Даниел Јакимов.
Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации претставниците на заинтересираните клубови /сојузи можат да се обратат кај одговорното лице за спорт во општината, на тел. 072/320-842 или на mail: aleksandar.donov@negotino.gov.mk секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.