Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноци на имот („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04…151/21) и член 3 став 1 точка 1 од Законот за комунални такси („Сл. весник на РМ„ бр. 61/04, … 23/16), општина Неготино објавува

 

Ј А В Н А  П О К А Н А

 

За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2025 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно фирмарина за 2025 година.

Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2025 година (Образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:

1.Имот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2024 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)

2.Имот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).

3.Имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)

Даночна пријава се поднесува до општина Неготино, најдоцна до 31 јануари 2025 година.

Напомена: Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 2005 до 2024 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува нова даночна пријава.

Даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноци на имот.

 

Пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно фирмарина, поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правните лица) и тоа за:

Регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за обавување на соодветна дејност, кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.
Таксени обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица, кај кои во досегашниот период постојат промени.

Close Search Window