Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11, 13/20 ), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува педесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Салата на општина Неготино на ден 01.07.2021 година (четврток ) во 12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура , спорт и соработка со здруженија и фондации за 2021
2. Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2021 година
4. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2021 година
5. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Вардарски плански регион
6. Предлог – Одлука за усвојување на Урбанистичка ревизија за општина Неготино
7. Предлог – Решение за давање согласност на Анекс на Статут на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
8. Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2021 година на ООМУ „Владимир Арсовски“ Неготино  

Close Search Window