Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (“Службен Весник на Република Македонија” Бр.209/2018 од 15.11.2018 година), Градоначалникот на општина Неготино објавува:
 
                                           Ј А В Е Н   П О В И К бр. 01/2018
 
Со овој повик се повикуваат сите доверители на Општина Неготино и единките корисници ( СОУ „Св. Кририл и Методиј“-Неготино, ООУ „Гоце Делчев“-Неготино, ООУ „Страшо Пинџур“-Неготино, ЈОУДГ „Фемо Кулаков“-Неготино и Локална библиотека „Страшо Пинџур“-Неготино) кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Неготино со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.
Пријавата треба да содржи целосен назив на правното лице, седиште, матичен број и даночен број на доверителот, телефон за контакт и маил адреса, односно фотокопија од лична карта и телефон за контакт и маил адреса, за физички лица.
Со Пријавата доверителите задолжително треба да достават:
–    Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 месеци,во оригинал или во копија заверена на нотар или копија од лична карта
–    картица за вкупните нивни побарувања односно обврски што ги должи општината или единките корисници или правен основ врз основа на кој настанала обврската(решение, пресуда, и сл.)
Во Пријавата треба да биде назначено дали дали истата се однесува за Општина Неготино или за единките корисници.
За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник ќе пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.
За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријават, ќе бидат дополнително писмено известени.
По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.
Рокот  за пријавување на јавниот повик изнесува 15 дена , и започнува да тече од наредниот ден од денот на објавување на повикот.
Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Неготино, на веб страната на Општина Неготино и во едно јавно гласило/ медиум.
Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до Архивата на Општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов„ бр. 2 Неготино или по пошта со препорачана пратка, со назнака „за Јавен Повик 01/2018“.
Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.
 Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

Close Search Window