Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Од локалната самоуправа и ЈП Комуналец ги информираат граѓаните дека утре( сабота 18.10 ) поради изведување на зафати на водоводната мрежа, одделни делови од градот ќе бидат без вода за пиење. Така, во периодот од 08 до 17 часот вода за пиење ќе немаат граѓаните кои живеат на улиците Марксова, 25 мај, Илинденска, Борис Кидрич, Кирил и Методиј, Ѓорѓи Димитров-Вешката, Вардарска, Ѓоко Мишев, Пиринска, Енгелсова, Првомајска, ЈНА, Едвард Кардељ, дел од улицата Киро Крстев, како и Градската болница во Неготино. По завршувањето на активностите на терен, се очекува околу 17 часот водата да потече низ чешмите на граѓаните кои живеат на гореспоменатите улици.

Close Search Window