Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 и Службен весник на РСМ “ бр.202/24) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11 и 7/24) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на првата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 14.11.2025 година ( петок ) во 14:00 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2025- 30.09.2025 година
2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2025 година
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2025 година
4. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Енергетска ефикасност на Општина Неготино 2025 година
5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2025 година
6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2025 година
7. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2025 година
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на Општина Неготино за 2025 година
9. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2025 година ( ребаланс )
10. Предлог- Одлука за усвојување на Измена на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода пролетен мраз што ја зафати општина Неготино од 06.04. до 09. 04. 2025 година
11. Предлог- Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино

