Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

 Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека на 21.05 (Петок) ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата ќе се одржува во 5 градови и ќе учествуваат 11 организации.
Хуманитарната акција ќе се одржува и во нашата општина  во временскиот период од 10 -18часот во Кам Маркет-Неготино .Акцијата во нашата Општина е подржана во соработката помеѓу Невладините организации Сите Сити-Ајде Македонија и Порака-Неготино и Општинска Орханизација на Црвен Крст -Неготино.Општина Неготино ја подржува акцијата преку Општинскиот совет за Социјална Заштита на Општина Неготино.
Ги повикуваме сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Активностите на Ајде Македонија се подржани од Civica Mobilitas како дел од проектот “Одржлива мрежа за спасување на храната”    
#ХранаНеСеФрла
#CivicaMobilitas

Close Search Window