Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и третата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 20.06.2024 година (среда ) во 15 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 42 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 22 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Усвојување на записник од 23 вонредна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плата на вработените кои вршат административно-технички работи и помошни работи во општина Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот 01.01.2024-31.03.2024 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Статут на на Јавно претпријатие за комунално услужни работи Комуналец ц.о Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Правилник за утврдување на основната плата и вредноста на бодот за вработените во ЈП Комуналец Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за износот на надоместокот на членовите на Управниот одбор на ЈП Комуналец Неготино
- Предлог – Одлука за субвенционирање на ЈП Комуналец Неготино за изведба на приклучоци
- Предлог – Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино
- Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлука за давање согласност за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член УО на Заедничко претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци
- Предлог- Решение за формирање на Комисија за избор по Јавен повик
- Предлог- Одлука за избор на член на Совет на општина Неготино кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на Градоначалникот на општина Неготино
- Предог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
- Советнички прашања