Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11 и 7/24) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на дваесет и шестта вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 10.07.2024 година ( среда ) во 21:30 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Решение за формирање на Штаб за заштита и спасување на Општина Неготино
Бр.08 – 585/1 Совет на општина Неготино
10.07.2024 година Претседавач,
Пепица Ѓорѓиева