Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува

                                  ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2021
за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино

     Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Советник за управување со проекти
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Одделение за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај  и локален економски развој
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : УПР 01 01 В01 000
НИВО: В1

ОПШТИ УСЛОВИ :
–    да е државјанин на Република Македонија,   
–    активно да го користи македонскиот јазик,
–    да е полнолетен,
–    да има општа здравствена способност за работното место ,
–    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
–    решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
–    учење и развој;
–    комуникација;
–    остварување резултати;
–    работење со други/тимска работа;
–    стратешка свест;
–    ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
–    финансиско управување.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
-за нивото В1-ниво на квалификација VIA според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки, Образование или Наука за книжевноста;
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-работно искуство и тоа за нивото-В1-најмалку 3(три) години работно искуство по дипломирањето;
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,француски, германски).

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
    -Работни денови: од Понеделник до Петок
    -Работни часови неделно: 40 часа
-Работно  време: од 08:00 часот до 16:00 часот
-Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додатокот на плата  за називот на работното место изнесува: 24.965,оо денари.

    На интерниот оглас може за да се јави административен службеник вработен во општинската администрација во општина Неготино, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:
–    да е оценет со  оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето  во 2021 година,
–    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
–    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година при објавувањето на интерниот оглас.

    Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
-потврди за успешно релаизирани обуки или
-потврди за успешно релаизирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

    Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава  објавена во прилог на интерниот оглас.
    Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: info@negotino.gov.mk.
    Рокот за пријавување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на институцијата.
    Условите наведени во  огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во  моментот на  пријавувањето.
    Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:
 Фаза 1  –  административна селекција се спроведува  најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
 Фаза 2  – интервју се спроведува  во рок од 5 (пет) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција

НАПОМЕНА: Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Пријава по интерен оглас

 

Close Search Window