Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На 13 мај 2025, здружението на млади Креактив, во соработка со Општина Неготино, одржа едукативни работилници за правилно постапување со текстилен отпад во основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“.

Повеќе од 120 ученици од петто одделение со интерес и ентузијазам ги следеа работилниците, каде разговаравме што е отпад, каде завршува, колку му треба да се распадне и зошто е важно да поправиме, пренамениме или донираме, наместо веднаш да фрлиме… а доколку мораме да фрлиме – добро да размислиме која канта да ја избереме (smiley)

Наставниците активно се вклучија, а учениците веќе имаат идеи за нов живот на старата облека!

Следниот чекор?

На 22 мај (четврток) од 10:00 до 13:00 часот, на плоштадот во општина Неготино ќе се одржи голема собирна акција за отпаден текстил и текстилен базар !

Ќе има поставени контејнери од Еко Текст за одлагање на отпаден текстил
Ќе се собира и облека за донација
Учениците од основните училишта во општина Неготино ќе имаат свои штандови каде ќе ги изложат и продаваат своите креации од отпаден текстил на кои ќе работат оваа недела
Средствата ќе бидат наменети за садници и пошумување

Поддржете ја креативноста и грижата за животната средина – се гледаме на 22 мај на плоштадот во општина Неготино !

Оваа активност е во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво“, спроведуван од Центар за климатски промени/Center for Climate Change во соработка со повеќе партнерски организации, меѓу кои и здружението Креактив.

Close Search Window