Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 и Службен весник на РСМ “ бр.202/24) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 58 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11 и 7/24) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на втората вонредна седница на Советот на општина Неготино

Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 09.12.2025 година ( вторник ) во 15:00 часот . За седницата го предлагам следниот

 

Д Н Е В Е Н Р Е Д

 

1. Предлог – Одлука за преотстапување на парични средства за дотации на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино

2. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година

3. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишнaта програма за работа на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино за 2026 година

Close Search Window