Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и втората редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 01.03.2023 година (среда) во 15:30 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Усвојување на записник од 15 вонредна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 21 редовна седница на Совет на општина Неготино
3. Извештај за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност ( Public expenditure and financial accountability – PEFA )
4. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година
5. Предлог – Акционен план за енергетска ефикасност за 2023 година
6. Предлог- Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино за 2023 година од сите ризици и опасности
7. Предлог – Одлука за примање на специјализирано противпожарно возило од Центар за развој на Вардарски плански регион и давање на трајно користење без надомест на ТППЕ Неготино
8. Предлог – Одлука за измена на Одлука за сопствено учество на општина Неготино во Проект за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година
9. Предлог – Одлука за определување за надомест на штета од напад на кучиња скитници во општина Неготино
10. Предлог – Решение за формирање на Еко патроли во општина Неготино
11. Предлог – Одлука за донесување на Конечен Предлог Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино
12. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
13. Предлог – Одлука за определување на локации за поставување на садови за отпад на територијата на општина Неготино
14. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2022- 31.12.2022 година
15. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај за 2022 година на СОУ „ Св. Кирил и Методиј“ Неготино
16. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај за 2022 година на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино
17. Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи на здруженија на граѓани и фондации од општина Неготино за 2022 година
18. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка врз основа на направената распределба на средства на спортски клубови/сојузи од Буџетот на Општина Неготино за 2022 година
19. Предлог – Решение за одбивање на еднократна парична помош
20. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

Close Search Window