Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Денеска ( среда 26.12 ) со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 21-та седница на Советот на општина Неготино. На дневен ред и на разгледување пред советниците ќе се најдат предлог-програмите за работа на одделенијата при локалната самоуправа за наредната 2019-та година, предлог-Буџетот и одлуката за негово извршување за наредната година, како и предлог Буџетскиот календар. Советниците во Советот на општината ќе се произнесат и по повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, давање согласност за сопствено учество во имплементирање на проекти, одлука за добивање донација, давање согласност за измени на годишен план за вработување, предлог-правилникот за условите и начинот на вршење на авто такси превоз на патници во неготинска општина,а ќе се разгледува и годишниот извештај за финансиското работење на Комуналец во првите 9 месеци од годинава. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

Close Search Window