Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и третата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 27.02.2019 година (среда ) во 16,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Правилник за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот
2. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година
3. Предлог- Заклучок за усвојување на Акциониот план за енергетска ефикасност на општина Неготино
4. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
5. Предлог – Решение за давање на согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино
6. Предлог- Решение за давање согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино
7. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино
8. Предлог – Решение за давање на согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на Општинска установа Музеј на град Неготино
9. Предлог- Решение за давање согласност на Критериумите за вдомување на бездомни лица на територијата на општина Неготино
10. Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници за 2019 година
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај на ООУ ,,Гоце Делчев,,Неготино
12. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот октомври-декември 2018 година