Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и деветтата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 11.08.2023 ( петок ) година во 15 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од 27 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на Записник од 28 редовна седница на Совет на општина Неготино
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистички планови на територијата на општина Неготино за 2023 година
4. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2023 година
5. Предлог – Одлука за делегирање на надлежностите на Општина Неготино за организирање и реализирање на дел од културните манифестации по програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на правно лице.
6. Предлог- Правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Неготино за организирање и реализирање на дел од културните манифестации по Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на правно лице
7. Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај на општина Неготино за периодот 01.04.2023- 30.06.2023 година
8. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на Општина Неготино за 2024 година
9. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП КОМУНАЛЕЦ Неготино за 2024 година
10. Предлог решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП Паркинзи Неготино за 2024 год.
11. Предлог решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на Локална библиотека Страшо Пинџур Неготино за 2024 год.
12. Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување на Музеј на град Неготино за 2024 година
13. Предлог Одлука за донесување на предлог ДУП за Урбана единица 9, дел од блок 28 (помеѓу улиците Маршал Тито, Железничка и автопат А1)
14. Предлог- Одлука за давање согласност на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
15. Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
16. Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
17. Предлог- Решение за разрешување на член на Управен одбор на ЈП Комуналец Неготино
18. Предлог- Одлука за распишување Јавен повик за член на Управен одбор на ЈП Комуналец Неготино
19. Предлог – Заклучок за усвојување на Писмен Извештај од Комисија за јавни дејности за распределба на средствата од општина Неготино на здруженија на граѓани и фондации за 2022 година
20. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства
21. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош