Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на седумнаесеттата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата на ден 29.01.2021 година ( петок ) во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Одлука за отстапување , пренос на правото на сопственост на специјализирано комунално возило за собирање на смет , од општина Неготино на ЈКП Комуналец Неготино
2. Предлог- Решение за давање согласност на измена на Годишен план за вработување за 2021 година на општина Неготино
3. Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници даватели на услуги и директорот на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино за 2021 година
4. Предлог- Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општински услуги ( MSIP2)
5. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлука за определување на надомест за надворешен член на комисијта за урбанизам на општина Неготино