Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на дваесеттата и втората вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата на ден 29.04.2021 година ( четврток) во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог- Решение за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување за 2021 година на Општина Неготино
2. Предлог- Заклучок за продолжување на Стратегијата за Локален економски развој на општина Неготино
3. Предлог- Одлука за регулирање на начинот на плаќање на водата од паралелниот систем во Неготино за 2021 година
4. Предлог- Одлука за сопствено учество на општина Неготино во Проектот за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година