Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на Општина Неготино ( ,, Сл.гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) член 57 став 1 од Деловникот на Oпштина Неготино („ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува третата редовна седница на Советот на Општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.11.2021 година ( понеделник ) во 14:30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од 2 ( втора) редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на Записник од 2 ( втора ) вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Предлог – Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
4. Предлог – Решение за именување на членови на Училишниот одбор на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино
5. Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино
6. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на Отворен граѓански универзитет „ Неготино “ Неготино
7. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП „ Паркинзи “ Неготино
8. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП „ Паркинзи “ Неготино
9. Предлог – Решение за именување на членови на Управен одбор на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
10. Предлог – Решение за именување на членови на Управен одбор на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
11. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
12. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино
13. Предлог- Одлука за измена и дополнување на одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги МСИП
14. Предлог- Одлука за реализација на грант-проект на општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2)
15. Предлог – Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Неготино за 2021 година
16. Предлог – Одлука за давање согласност на годишен план за вработување за 2022 година на ЈП „ Паркинзи “ Неготино
17. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работењето на ЈП „ Паркинзи Неготино “ Неготино за периодот 15.01.2021 – 30.09.2021 година
18. Предлог – Одлука за задолжување за плаќање на комунална такса за јавно осветлување на куќи и други објекти со електричните броила во село с. Горни Дисан општина Неготино
19. Предлог – Одлука за оттуѓување на арматура од стари светилки
во сопственост на Општина Неготино
20. Предлог – Решение за определување на членови на Советот на Општина Неготино за учество во склучување на бракови на подрачјето на општина Неготино
21. Предлог – Решение за ослободување од партиципација на 15 деца Роми за учебната 2021/2022 година во ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
22. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош